Американскиот претседател Џо Бајден по втор пат оваа година го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг „диктатор“.
„Тој е диктатор во смисла дека раководи со земја, која е комунистичка и има сосема поинаква форма на владеење од нашата“, рече Бајден на прес-конференцијата по средбата со Си.
Двајцата претседатели вчера се сретнаа во Сан Франциско и се согласија да ги обноват воените комуникации на високо ниво.
Бајден рече дека САД и Кина мора да се погрижат ривалството да не доведе до конфликт.
„НР Кина и САД немаат право да си вртат грб едни на други, конкуренцијата не треба да преовладувачка тенденција“, рече Си Џинпинг, додавајќи дека евентуалниот конфликт меѓу двете земји ќе има „неподносливи последици“ за двете страни.
Светот е доволно голем за двете земји да напредуваат“, потсети Си.
Кинеското Министерство за надворешни работи жестоко реагираше на коментарот на Бајден за Си, нарекувајќи го крајно погрешна и неодговорна политичка манипулација.
„Секогаш ќе има злонамерни луѓе кои ќе се обидат да внесат клин во кинеско-американските односи, но нема да успеат, изјави на прес-конференција портпаролката на министерството Мао Нинг.
Бајден, исто така, во јуни го нарече Си „диктатор“, откако САД соборија наводен кинески шпионски балон неколку месеци претходно.






