Избувнувањето на епидемијата на сипаници е нешто за што „секој треба да биде загрижен изјави американскиот претседател Џо Бајден, додавајќи дека американските здравствени власти ги проучуваат можните третмани и вакцини, пренесува Ројтерс.
„Работиме напорно за да разбереме што правиме“, им рече Бајден на новинарите во воздухопловната база во Јужна Кореја пред да замине за Јапонија со „Ер Форс 1“.
Од почетокот на мај, голем број земји пријавија случаи на мајмунска сипаница, болест единствена за Африка. Зголемените случаи дури ја поттикнаа Светската здравствена организација (СЗО) да свика итен експертски состанок за ова прашање.






