Американскииот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти пандемијата „Ковид-19“ е „завршена“ во гостување на Си-Би-Ес, но призна дека САД сè уште имаат „проблем“ со вирусот што уби повеќе од 1 милион Американци.
„Пандемијата заврши. Сè уште имаме проблем со Ковид. Сè уште работиме многу на тоа. Заврши – но пандемијата е завршена“, рече Бајден како што пренесе Си-ен-ен..
Минатиот месец, Центрите за контрола и превенција на болести на САД го прилагодија упатството за Ковид-19 за да ја поттикнат нацијата да се оддалечи од мерки како што се карантини и социјално дистанцирање.
Во текот на изминатите две недели имаше околу 65.000 нови случаи на Ковид-19 пријавени секој ден , покажуваат податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс, а пријавените случаи се намалуваат во речиси секоја држава.
Низ САД, околу 400 луѓе умираат секој ден од Ковид-19.






