Бајден пак позитивен тест на Ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден продолжува да има кашлица, но се чувствува добро и покрај тоа што се уште е позитивен на тестот за СОВИД-19, рече неговиот лекар Кевин О’Конор во соопштението објавено од Белата куќа.



„Претседателот денеска се чувствува многу добро. Тој сè уште има кашлица, но таа е поретка. Утринава повторно беше позитивен на тестот за КОВИД-19“, се вели во соопштението.

На Бајден му беше повторно дијагностициран коронавирус во саботата, 12 дена по првичната дијагноза, кога американскиот претседател првпат беше позитивен на коронавирусот.