Американскиот претседател Џо Бајден изрази оптимизам дека неговите демократи ќе ја задржат контролата врз Конгресот по среднорочните избори што се одржуваат денеска,.
Се гласа за 435 места во Претставничкиот дом и 35 од 100 места во Сенатот.
Бајден ги повика своите поддржувачи да излезат на гласање.
Но, во последните анкети, само 39% Американци ја пофалија работата на Бајден.
„Видете, ако можеме да се задржиме, ќе бидеме во неверојатна форма. Замислете што можеме да направиме во вториот мандат ако ја задржиме контролата. Знам дека тоа звучи како многу високи очекувања, но во секој случај јас сум оптимист “, рече Бајден.
Покрај тоа, американскиот претседател повторно предупреди на опасностите од изборот на „екстремните републиканци“ поддржани од Доналд Трамп, нарекувајќи ги „една од најмрачните сили“ во историјата на САД.






