Претседателот Џо Бајден повторно беше позитивен на Ковид-19 вчера, откако неколку дена беше негативен на вирусот, изјави неговиот лекар.
Бајден (79) нема нови симптоми и „продолжува да се чувствува доста добро“, рече д-р Кевин О’Конор, цитиран од Белата куќа.
Сепак, тој „ќе продолжи со строгите процедури за изолација“, напиша претседателскиот лекар, јави Си-Ен-Би-Си.







