Обидот на Русија да анектира украински територии во четвртокот вечерта го коментираше американскиот претседател Џо Бајден.



„Сакам да го кажам мојот став многу јасно. САД никогаш, никогаш, никогаш нема да ги признаат руските претензии за суверена украинска територија.
Таканаречените референдуми беа лажни, целосно лажни. Нивните резултати беа измислени во Москва“, пренесе Ројтерс

Изјавата доаѓа пред говорот на Владимир Путин закажан за денеска на кој се очекува да објави дека четири украински региони се приклучуваат на Русија.