Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД не планираат да испратат ракетни системи во Украина кои би можеле да стигнат до Русија.
Соединетите Американски Држави обезбедија значителна воена помош за Украина откако Русија започна инвазија на земјата кон крајот на февруари.
Дновиве беа лиферувани информации дека администрацијата на Бајден се подготвува да испрати напредни ракетни системи со долг дострел во Киев.
Сепак, Бајден денеска го отфрли тоа, пренесоа медиуми.
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Украина наскоро треба да ги добие долгоочекуваните ракетни фрлачи со дострел од повеќе од 100 километри. Ако тоа се случи, тоа ќе биде најмоќното оружје што Украина некогаш го добила од Запад.
Михаило Подољак рече дека Русија „хистерично реагира“ на најавите дека САД ќе испратат модерни MLRS во Украина, додавајќи дека тоа е „еден од најголемите стравови на Москва“. зашт ова оружје има многу поголем дострел од кое било оружје кое моментално го има на располагање на украинската армија.
Вашингтон пост на крајот на минатата недела објави дека САД се подготвуваат да испратат MLRS во Украина, а конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател…







