Противникандидатот на Трамп на претседателските избори, Џо Бајден изјави дека не ги знае деталите за договорот меѓу Србија и Косово постигнат вчера во Вашингтон, но смета дека Косово треба да биде независна држава.
„Пред сè, не знам на што се однесува договорот. Она што го аргументирав секогаш, е дека Косово треба да биде независна држава, а не дел од Србија. Јас поминав многу време таму … Врз основа на кажаното, претпоставувам дека тоа (договорот) ќе ја засили таа независност, но не знам“.




