Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не ги прифаќа „црвените линии“ за кои зборува рускиот претседател Владимир Путин во врска со ситуацијата во Украина.
„Нема да прифатам ничии црвени линии. Одамна знаеме за потезите на Русија и очекувам дека ќе имаме долг разговор“, рече Бајден, одговарајќи на новинарско прашање што Америка има намера да направи за да ја спречи руската „инвазија“ врз Украина.
Кон средината на минатиот месец Путин зборуваше за „црвените линии“ за Русија, а во тој контекст, меѓу другото, го наведе и зголеменото присуство на НАТО во Украина, но и потенцијалниот влез на тој поранешен советски република во Алијансата. Тој наведе и дека стратешките бомбардери опремени со „многу сериозно оружје“ се почесто летаат во близина на руските граници, кои, како што рече, поминуваат и одредени граници.
Кремљ вчера соопшти дека претстојниот разговор меѓу Путин и Бајден би можел да се одржи на 7 декември во формат на видео конференција.







