И покрај повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој го повика Џо Бајден да ја покаже поддршката на САД за борбата против Русија со посета на Киев – тоа нема да се случи.
Зеленски на 17 април рече дека мисли дека Бајден ќе го посети украинскиот главен град, но рече дека одлуката е на американскиот претседател и ќе зависи од безбедносната ситуација.
„Нема планови американскиот претседател Џо Бајден да го посети Киев“, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
Белата куќа соопшти дека наместо Бајден, поверојатно е да испрати висок функционер како државниот секретар Ентони Блинкен или министерот за одбрана Лојд Остин.
Псаки, исто така, потврди дека има надежи за повторно отворање на Амбасадата на САД во Киев.
„Тоа секако е нашата цел. Очигледно е важно да имаме дипломатско присуство на теренот“, рече таа.






