Американскиот претседател Џо Бајден го нарече дописникот на Фокс њуз „глупав кучкин син“ откако новинарот се обиде да го праша за инфлацијата во САД која минатата година достигна рекордно високо ниво од речиси 40 години.
Инцидентот се случил на состанокот на шефот на државата со неговите економски советници во Белата куќа. Бајден не знаел дека неговиот микрофон во моментот е вклучен пренесе Си-Ен-Ен.
Пред средбата со неговите советници, новинарите го прашаа Бајден за ситуацијата околу Украина, а Бајден се налутил зошто го прашуваат тоа а не за намалување на цените во земјата
Тогаш дописникот на Фокс њуз Питер Доуси го праша американскиот претседател дали ќе одговори на прашањата за инфлацијата
По ова прашање новинарите биле отстранети од салата за состаноци, а Бајден саркастично рекол: „Каква инфлација. Колку глупав кучкин син“, веројатно мислејќи дека микрофонот му е исклучен.
Белата куќа не го коментираше инцидентот, а Бајден подоцна лично го повика новинарот за да ја објасни ситуацијата.
Доуси е добро познат новинар на Фокс њуз популарен кај конзервативците кој често му поставува незгодни прашања на претседателот.







