Кабинетот на претседателот на Србија, објави дека Александар Вучиќ добил честитка од претседателот на САД, Џо Бајден, по повод Денот на српската државност, во која американскиот претседател вели дека САД останува трајно посветен на подобрување на економската соработка, регионалната стабилност и демократските вредности, пренесе Гласот на Америка.
Покрај „најдобрите желби“, Бајден потсети дека очекува „взаемно признавање“ на „Косово“ и Србија.
„…Ние остануваме непоколебливи во поддршката за целта на Србија за европска интеграција и ве охрабруваме да продолжите да преземате силни чекори напред за да ја постигнете таа цел – вклучително и воспоставување на потребните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација на односите со Косово“, се вели меѓу другото во честитката.





