Бајден лут за „протекувањето“ на разузнувачки информации во медиумите

Американскиот претседател Џо Бајден разговарал со шефот на ЦИА Вилијам Барнс, директорката на националното разузнавање Аврил Хејнс и секретарот за одбрана Лојд Остин околу информациите кои „протекоа“ во медиумите според кои американски разузнувачи им помагаат на украинските војници да ликвидираат руски цели.



Бајден ги нарече таквите публикации „контрапродуктивни“ кои , според него „го оттргнуваат вниманието од нашата цел“ и побарал да се запре истекувањето, јавуваат медиуми..

Во четвртокот, Ен-би-си, Си-ен-ен, Њујорк Тајмс објавија дека американското разузнавање можеби и помогнало на Украина да го потопи рускиот предводник на руската морнарица, Москва.

Американски разузнувачи помогнале да се ликвидираат руски генерали

Еден ден претходно, Њујорк Тајмс објави дека Соединетите Држави и дале на Украина разузнавачки информации кои и помогнале на украинската војска да изврши напади што доведоа до смрт на руски генерали на украинска територија.

Некои членови на претседателската администрација на САД изразија загриженост дека ваквите јавни откритија би можеле да го ескалираат конфликтот со провоцирање на рускиот претседател Владимир Путин и да ја намалат ефикасноста на американско-украинската разузнавачка размена.