Лидерот на Исламска држава загина за време на акција на американските специјални сили во Сирија.
Абу Ибрахим ал-Хашими ал Курајши загина во експлозија на бомба во која се убил заедно со членовите на неговото семејство додека американските сили се приближувале до куќа во провинцијата Идлиб, контролирана од бунтовниците, изјави американски официјален претставник, пренесе Скај њуз.
Лидерот на Исламската држава беше меѓу 13-те лица кои беа убиени за време на двочасовна вооружена борба во куќа која ја држат бунтовниците во сириската провинција Идлиб, објави „Скај њуз“.
Се додава дека американската армија не претрпела загуби, а се огласил и Бајден.
„Благодарение на вештината и храброста на нашите вооружени сили, го отстранивме лидерот на ИСИС, Абу Ибрахим ал Хашими ал Кураши од бојното поле. Сите војници кои учествуваа во акцијата безбедно се вратија во базата“ , изјави Бајден.







