Бајден (ќе)испраќа војска во Источна Европа

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека наскоро планира да испрати мал број американски сили во Источна Европа, поради зголемените стравувања од можна руска инвазија на Украина.



„Ќе преместам војници во Источна Европа во земјите на НАТО во блиска иднина“, им рече Бајден на новинарите.

Пентагон стави 8.500 војници во состојба на готовност за потенцијално распоредување во земјите на НАТО во Источна Европа, а коментарите на Бајден се чини дека се јасен сигнал дека барем некои од овие сили ќе бидат наскоро распоредени и да им се приклучат на силите за брза реакција на НАТО во Источна Европа.

Претходно Бајден предупреди дека постои „голема веројатност“ Русија да ја нападне Украина во февруари.

Русија соопшти дека гледа „мала причина за оптимизам“ во решавањето на кризата откако Вашингтон ги отфрли главните барања на Москва.