Американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека оние кои доведоа до колапс на банката во Силиконската долина (SVB) ќе одговараат.
Финансискиот пазар во САД е тешко потресен од колапсот на главната банка за технолошки стартапи, Silicon Valley Bank, која пропадна за само 48 часа, оставајќи ги клиентите и инвеститорите во неизвесност. Тоа е најголемиот неуспех на банка во САД од 2008 година. Основана во 1983 година, SVB Bank е специјализирана за банкарство за технолошки стартапи.
Денеска, Бајден ќе објави како американската администрација ќе се справи со банкарската криза, најголемата во САД од 2008 година, која ги принуди регулаторите да воведат серија итни мерки бидејќи колапсот на SVB и Signature Bank создаде ризик од поширока, системска криза , пренесува Ројтерс.
„Американскиот народ и американските бизниси можат да имаат доверба дека нивните депозити ќе бидат на место кога ќе им бидат потребни“, рече Бајден.
Тој, исто така, изјави дека е „цврсто посветен на целосна одговорност на оние кои доведоа до овој хаос“ и на продолжување на напорите за „зајакнување на надзорот и регулацијата на големите банки за да не бидеме повторно доведени во оваа ситуација“.
Управата за финансиска заштита на Калифорнија во петокот ја затвори SVB, 16-та најголема американска банка. СВБ е најголемата банка која пропадна по колапсот на оние во финансиската криза од 2008 година.
Вчера американските власти одлучија да им дозволат на штедачите пристап до сите нивни депозити од 13 март.







