Американскиот претседател Џо Бајден најави дека наскоро ќе биде воспоставен „нов светски поредок“ и оти САД ќе го предводат.
За време на говорот на кварталниот состанок на Бизнис тркалезната маса на извршните директори, Бајден нагласи дека светот се наоѓа на „пресвртна точка“ што „се случува на секои три или четири генерации“ и оти на САД е да го одредат исходот.
„Како што ми рече еден од највисоките воени функционери на безбедносен состанок пред некој ден, 60 милиони луѓе загинаа помеѓу 1900 и 1946 година, по што воспоставивме либерален светски поредок и тоа не се случи долго време потоа“, рече претседателот.
„Многу луѓе загинаа, но никаде ни блиску до хаос, а сега е време кога работите се менуваат“, додаде тој.
„Ќе има нов светски поредок и ние мора да го водиме, обединувајќи го остатокот од слободниот свет“, порача Бајден.






