Денес американскиот претседател Џо Бајден ќе го признае геноцидот врз Ерменците во Отоманската империја кој се случил во 1915 година.
Бајден за ова го информираше својот турски колега Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор во петокот. Веста за признавањето подоцна ја потврди и Стејт департментот.
Геноцидот врз ерменскиот народ во Османлиската империја беше признат од 23 земји, како и од Европскиот парламент и Светскиот совет на црквите.
Турција ја признава масовната смрт на Ерменците, но се спротивставува на употребата на терминот „геноцид“ и смета дека бројот на жртви од 1 до 1,5 милион жртви е превисок.
Според Анкара, смртта на Ерменците не била резултат на наменска државна политика, туку последица на граѓанската војна во Отоманската империја, на која биле жртви и Турците.







