Американскиот претседател Џо Бајден одобри на Украина да ѝ се даде касетна муниција, објави Вашингтон пост.
Касетните бомби се забранети во повеќе од 120 земји ширум светот.
Аериканскиот заменик-помошник секретар за одбрана за Русија, Украина и Евроазија, Лаура Купер, „Во однос на ефикасноста на бојното поле, мислиме дека тоа (употребата на касетна муниција) ќе биде од корист“.
Противниците на употребата на касетна муниција предупредуваат дека, поради нивната голема површина на удар, тие можат да осакатуваат и убиваат цивили, а неексплодираните убојни средства остануваат опасни долго по завршувањето на конфликтот.
Договорот од 2008 година за забрана на производство, употреба и поседување на касетна муниција беше усвоен од 123 земји, вклучително и повеќето членки на НАТО.
САД, Русија и Украина одбија да се приклучат на договорот.






