Бајден ја помеша Ангела Меркел со покојниот Хелмут Кол

 

Американскиот претседател Џо Бајден напорави уште еден гаф: Овој пат, за разговорот што го имал со Ангела Меркел во 2021 рече дека го водел со поранешниот германски канцелар кој починал 4 годиони претходно, во 2017-ма година, пренесе Ројтерс.



Ова е втор сериозен гаф во последните неколку дена.

Тој претходно го помеша францускиот претседател Емануел Макрон со поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, кој почина во 1996 година.

Претседателот Бајден изјавил дека пред 3 години се сретнал со политичар умрен пред 30 години

Вчерашниот лапсус Бајден го направи додека ги раскажуваше за состанокот на Г7 во 2021 година веднаш по победата на изборите.

Додека зборувал за нападот на Капитол Хил на САД на 6 јануари 2021 година за кој, според него, ги информирал лидерите на групата Г7 на настан на кој, споиред него присуствувал – Хелмут Кол.

Но, на настанот во 2021 била присутна Ангела Меркел, а не починатиот Хелмут Кол.