Бајден ја одби поканата на Зеленски – нема да оди во Украина

Посетата на американскиот лидер Џо Бајден на Украина во рамките на неговото патување во Европа не е планирана, изјави Линда Томас-Гринфилд.



„Колку што знам, ова не се разгледува. Американскиот претседател патува во Европа и ќе се сретне со нашите партнери и сојузници. Не сум слушнала никакви разговори за патувањето на претседателот во Украина“, изјави Томас-Гринфилд која е постојан претставник на САД во нагласи ОН.

Томас-Гринфилд нагласи дека американските власти ги обесхрабруваат Американците да патуваат во Украина. Претходно портпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер ја коментираше можноста за посета на американскиот лидер Џо Бајден на Украина.