Американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ја потврдија својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и разговараа за координација и во дипломатијата и подготовка на брзи и сериозни економски санкции против Москва во случај на нова руска инвазија на Украина, соопшти Белата куќа.
Во телефонскиот разговор тие се согласиле дека нивните тимови ќе одржуваат блиски контакти, вклучително и во НАТО и ЕУ, за да развијат „координиран и сеопфатен пристап за решавање на овие прашања“.
Неколку часа претходно, Макрон предложи дека може да ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за ситуацијата во Украина.
Тој истакна дека одлуката ќе зависи од напредокот што ќе биде постигнат во телефонските разговори со светските лидери.






