Џо Бајден , се чини, го заборавил името Мауи, островот на Хаваи каде поради апокалиптичните пожари, досега бројот на загинати се искачи на 106, а стотици други се водат како исчезнати.
Тој истакна дека пожарите пламнуваат на Големиот остров, а не на Мауи, но се чини дека се мачел да се сети и да го именува Мауи, објави британски „Дејли мејл“.
„Армиските хеликоптери помогнаа во напорите за сузбивање на пожарот на Големиот остров бидејќи сè уште има пожар на Големиот остров – не оној што, не оној што постојано го гледате на телевизија“, рече претседателот.
Бајден, кој брзо одобри федерална вонредна состојба, но кој беше критикуван од републиканците затоа што сè уште не патувал на разурнатиот остров, рече дека тој и неговата сопруга имаат намера да го посетат наскоро.
„Мојата сопруга Џил и јас ќе отпатуваме на Хаваи штом можеме“, рече тој.
„За тоа разговарав со гувернерот’, рече Бајден.






