Бајден „го олади“ Зеленски!

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја оспори изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ракетата што паднала во Полска не била од украинско потекло.



Зеленски вчера изјави дека е убеден оти експлозијата во која загинаа две лица во Полска не е предизвикана од ракета од Украина.

„Тоа не е доказ“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа по враќањето од патувањето во Азија, пренесоа медиуми.

Зеленски упорен и Контра НАТО:Ракетатат што падна во Полска не била украинска

„Немам дилема, тоа не е наша ракета“, изјави Зеленски за украинските медиуми, пренесува Ројтерс.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера изјави дека истрагата за падот на ракетата на територијата на Полска е во тек, но дека прелиминарните анализи „сугерираат дека инцидентот најверојатно бил предизвикан од украинска ракета за противвоздушна одбрана“.