Бајден го обвини Путин за геноцид

Американскиот претседател Џо Бајден употреби квалификација „геноцид”, осврнувајќи се на свирепостите извршени врз цивилно население во Украина.



„Излегуваат на виделина сѐ повеќе докази за страшни работи кои ги извршиле Русите во Украина“.

Сепак, смета тој, дали станува збор за геноцид или не, мора да кажат правниците на меѓународно рамниште.

За Бајден лично, сѐ повеќе изгледа дека станува збор за геноцид, станува сѐ понедвојбено дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува „да ја искорени и самата идеја за постоење на Украинците”.