Бајден фаворит меѓу демократите за уште еден претседателски мандат

Бајден останува фаворит на демократите и покрај проблемите со кои се соочува. Меѓу нив се правните проблеми на неговиот син Хантер Бајден и тековната миграциска криза долж јужната граница.



Тој вчера победи на прелиминарните избори на Демократската партија во Јужна Каролина, пренесува АП, државата која „го смести“ во Белата куќа пред четири години.

Во врска со мигрантите, Бајден е обвинет дека тоа се неговите потенцијални гласачи и затоа не презема посилни мерки.

Возраста на шефот на државата е исто така меѓу проблемите споменати пред неговиот реизбор.

Во таборот на републиканците, поранешниот претседател Доналд Трамп останува фаворит. Досега победи на прелиминарните избори во неколку држави. Голем број негови ривали за номинацијата веќе се повлекоа.