Американскиот претседател Џозеф Бајден бil евакуиран од неговиот дом во Делавер, каде што беше на одмор, откако мал приватен авион по грешка навлегол во забранетиот воздушен простор околу тој објект, објавија Белата куќа и американската тајна служба.



Белата куќа наведува дека немало закана за Бајден и неговото семејство и дека билепреземени мерки на претпазливост. Откако била проценета ситуацијата, Бајден и неговата сопруга Џил се вратиле во својата куќа, пренесува VOA

Тајната служба соопшти дека авионот бил итно испратен надвор од забранетиот воздушен простор откако по грешка влегол во него.

Агенцијата најави дека ќе го сослуша пилотот, кој, според првичните резултати од истрагата, не бил на соодветниот радио канал и не го почитувал планот на летот.

Според стандардната процедура, кога претседателот патува надвор од Вашингтон, Федералната управа за авијација најавува ограничувања на летовите една недела пред неговото патување.

Ограничувањата вклучуваат зона на забранети летови во радиус од 10 милји (околу 16 километри) во ограничена зона од 30 милји (околу 48 километри).