Претседателот Џо Бајден вели дека постигнувањето прекин на огнот во услови на израелска војна со Хамас „не е мир“ и дека важен клуч за трајна стабилност е обединување на Појасот Газа и Западниот Брег, кои ќе бидат управувани од „обновена палестинска управа“.
Во авторски текст објавен во саботата во Вашингтон пост, Бајден пишува:
„Додека се стремиме кон мир, Газа и Западниот Брег треба повторно да се обединат под единствена управа, под ревитализирана палестинска управа, додека сите работиме кон решение за две држави“, напиша Бајден.
„Решението со две држави е единствениот начин да се обезбеди долгорочна безбедност и на израелскиот и на палестинскиот народ.
Иако сега може да изгледа дека иднината никогаш не била подалеку, оваа криза ја направи поитна од кога било“,смета американскиот претседател.







