Демократите го повикаа американскиот претседател Џо Бајден да го затвори воениот затвор во Гвантанамо и да ги ослободи или да им се суди на останатите затвореници осомничени за соработка со Ал Каеда.
Во пресрет на 20-годишнината од нападите на 11 септември, 75 членови на Претставничкиот дом во отворено писмо од претседателот побараа затворање на спорниот затвор, наведувајќи ги превисоките трошоци за негово одржување, пренесуваат медиуми.
„Во Гвантанамо имаше околу осумстотини затвореници, а сега има само 39 од нив, главно постари и повеќето беспомошни“, се вели во писмото.
„Според извештаите на медиумите, затворот чини повеќе од 500 милиони долари годишно, или неверојатни 13 милиони долари по затвореник“, додаваат тие.







