Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема намера да стапи во контакт со Владимир Путин во блиска иднина, но дека е подготвен да разговара со рускиот претседател доколку е заинтересиран за завршување на војната, пренесе АП.



Сепак, американскиот претседател нагласи дека тоа ќе го направи дури откако ќе се консултира со сојузниците од НАТО.

„Немам непосредни планови да контактирам со Путин“, рече Бајден на прес-конференција во Белата куќа по разговорот со Емануел Макрон.

„Подготвен сум да разговарам со господинот Путин доколку покаже интерес да најде начин да стави крај на војната.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека до крајот на годината не се планирани никакви контакти со американската администрација.