Американскиот претседател Џо Бајден повика на „пауза“ во конфликтот меѓу Израел и Хамас во предизборниот говор во Минеаполис.
Претседателот зборуваше со група од околу 200 луѓе кога една жена го прекина и побара од него да повика на прекин на огнот.
„Мислам дека ни треба пауза“, рече Бајден. Паузата „ќе даде време да се извлечат затворениците“, рече тој.
Официјални лица од Белата куќа подоцна објаснија дека тој мислел и на излегување на заложниците држени од Хамас и на хуманитарна помош, јавува Би-Би-Си
Израел ја бомбардира Газа од нападите на Хамас на 7 октомври во кои загинаа 1.400 луѓе, а 239 лица беа земени како заложници.
Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека повеќе од 8.700 луѓе се убиени од почетокот на израелските одмазднички бомбардирања.
Бајден првично ја даде својата поддршка зад Израел, но се чини дека неговата позиција се промени во услови на хуманитарна криза и високиот број на цивилни жртви во Газа.
Неговиот повик за пауза означува мала промена во тонот од официјалните лица на Белата куќа, кои долго време тврдеа дека нема да се вклучат во тоа како Израел, близок сојузник, ги извршува своите воени операции.






