Американскиот претседател Бајден во вторникот рече дека способноста на Американците да плаќаат за бензин „не треба да зависи од диктаторот кој објавува војна и врши геноцид над половина свет “, објави Ројтерс.
„Инвазијата на Путин на Украина ги зголеми цените на бензинот и храната низ целиот свет. 70% од зголемувањето на цените во март дојде од зголемувањето на цената на Путин. Правам се што можам за да ги намалам цените и да се справам со поскапувањата на Путин “ твитна Бајден.
„За да помогнам да се справиме со ова зголемување на цената на Путин, одобрив ослободување од 1 милион барели дневно од нашата стратешка нафтена резерва во следните 6 месеци – и над 30 земји се согласија да пуштат дополнителни 60 милиони барели.
Ова е најголемото колективно ослободување (на количество нафта-н.з.) во историјата“, напиша Бајден на Твитер.






