САД се единствената земја која, како што наведе, од секоја криза излегувала посилна отколку кога влегла во неа, изјави амриканскиот претседател Џо Бајден за време на 69 минутното второ обраќање за „состојбата на нацијата“ во Конгресот,
Тој рече дека „приказната за Америка, е приказна за напредок и издржливост“ поздравувајќи го економскиот напредок постигнат за време на мандатот на неговата администрација.
„Пред две години нашата економија доживеа земјотрес. Меѓутоа, во меѓувреме, со помош на многу граѓани, отворивме 12 милиони нови работни места. Повеќе од нив, беа отворени за време на мандатот на кој било претседател за време на неговото четиригодишно владеење“, рече Бајден како што пренесува Гласот на Америка.
Во делот од говорот посветен на надворешната политика, американскиот претседател истакна дека САД се противат на руската агресија во Украина.
„Заедно со НАТО покажавме сила наспроти руската агресија врз Украина. Заедно, го направивме она што Америка го прави најдобро. Предводиме! Го обединивме НАТО и изградивме глобална коалиција. Се спротивставивме на агресијата на Путин и го поддржавме украинскиот народ“, рече Бајден.







