Силното невреме кое вчера го зафати подрачјето на рудникот Суводол од каде се носат најголемите количини јаглен за РЕК Битола, предизвика големи дотоци во откопното поле и на позициите каде се лоцирани големите багери и системи за транспортирање на јагленот.
Комбинатот во моментот работи со сите човечки и технички ресурси кои ги поседува на санација на состојбата и на непречен ископ на јаглен, кој сепак се одвива под отежнати услови. Плусинфо







