Премиер Ирак побара итна парламентарна седница со цел да се преземат неопходните мерки за заштита на достоинството, безбедноста и суверенитетот на Ирак, откако утрово од американски дрон беа убиени командантот на иранската револуционерна гарда, Касим Сулејмани и високи ирачки воени функционери во Багдад.
Премиерот Адел Абдул-Махди оцени дека убиените беа симбол на победата против Исламската држава.
„Ликвидацијата на водечките ирачки службеници или службеници од пријателска земја на ирачко тло е кршење на ирачкиот суверенитет и напад на достоинството на народот“, рече премиерот Абдул-Махди.
Тој рече дека нападот е „опасна ескалација“ што ќе поттикне деструктивна војна во Ирак и во регионот, пренесува АП.





