„Невозможно е да се учи јазикот со прекар Македонски … Јазикот што се зборува во Скопје е бугарски јазик напишан на кирилично писмо“, вели поранешниот ректор на Универзитетот во Атина, Јоргос Бабиниотис.
По повод барањето на „Виножито“ за изучување на македонски на Универзитетот во Солун тој вели дека „тоа ќе биде ужасна, клучна грешка“ од страна на грчката држава.
Во интервју за грчка „Скај ТВ“ професорот изрази стравување дека некои ќе го искористат ова прашање за да отворат дебата за постоењето на македонско малцинство во Грција, пишува грчкиот портал In.gr.




