Баба во тракторска приколка и нова хаварија на ПР-от на Филипче (ФОТО+КОМЕНТАРИ) )

Над 400 коментари од кои најголемиот дел се крајно критични кон министерот Филипче се појавија на неговиот профил по објавата на која се гледа како баба се вакцинира во тракторска приколка на исклучително топло време.



Граѓаните имаат многу забелешки за Филипче, меѓу другото не можат да разберат зошто министерот се фали со ваква акција која е понижувачка според многумина.

Други прашуваат зошто и вакцинираните и здравствените немаат маски а трети прашуваат зошто нема медицински возила за транспорт на вакцинираните.

Има и други коментари на други теми меѓу нив и позитивни за Филипче:

“Овие исклучително посветени и организирани лекари не можеа ли на трактор да се повозат па они да се качат кај неподвижните? А не натовариле ја бабата на трактор, па уште се сликат, а ти па одозгора на тога објавуваш честитки по фејсбуко. Или до тука е посветеноста, на непроодни места не се оде”.

“Ма алал да ти е чим се дрзнувиш да објавиш вакво нешто.. Страшно 🤯”.

“Како не ви е срам луѓето во тешка состојба да ги оставите последни за вакцинација и да ги третирате на нечовечки начин, ова е болно за гледање и надвор од умот е на овие луѓе да собирате политички поени”.

“Не заслужиле да бидат посетени и вакцинирани??
Малку е мизерно да го споделувате ова што сте го правеле. Мене би ми било срам. Поздрав”.

“Министре, тракторов ај ќе помине некако ама приколкава? Колку е безбеден ваквиов превоз на неподвижни лица? Поздрав за иницијативата за теренско вакцинирање ама навистина загрижува овој несоодветен превоз”.

“Не за џабе рекле старите: Будалиот се гордее со она од кое паметниот се срами”.

“Срамота, уште објавуваш по приколки како го вакцинираат народот, бруки сте.
#МРШ
#ОСТАВКА заедно со мурто”.

Граѓаните ги рачунајте како стока(животни) ако сакавте може и по домовите да одите и да ги ваквинирате ама вака докажавте дека сте дно од министерството и влада.

Браво

Повеќе од една година постојано потенцирате колку биле важни маските. Па дали е во ред на ваков начин, во вакви услови и без маска да се вакцинираат луѓе и тоа против covid 19?

И што викаш, добар пи ар е приколкава од 19 век, а? За срамење е работава, не за фалење.

Вакцините на-80ли ги чувате или нема врска сега температурата хахаха

Венко Филипче, Дали си при чиста свест и здрав разум со објавата, сликите се за срам, а не за гордеење.ОСВЕСТИ СЕ АЛО….

Дур има овци ќе има волна.Вакцинирате луѓе на 30 степени температура,наместо во изолиран простор,ито на приколка. Макар шо е стара жена(дала-зела) не е кобила најдена по пато. Си имате возила ќе се организирате ќе ги однесите на погодни места за вакцина. Макар и на планина да живеат,ќе ги слезите и ќе ги однесите кај шо треба. За то сте платени племе ваше к…..

Лоша организација, требало со магариња да се слезат неподвижните лица, да не се трошат пари за нафта.

А може трактор како брза помош за ковид пациенти и штала за хоспитализирање ?

Ќе одговараш за воа!!!
За вакцинација на стари луѓе во приколоца пд трактор на 40 степени во нехигиенски места!!!!
Ќе одговараш и немој да се жалеш од пресудата

Сите коментари од кои некои се навредливи во линкот:

https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2730691247237891/

Мисли дека не требало да добие критики туку пофалби

Филипче вели не згрешил за пациентката во тракторска приколка