Баба Ванѓа го предвидела заболувањето на Трамп од коронавирус?!

Јасновитката Баба Ванѓа предвидела дека претседателот на САД ќе заболи од „мистериозна болест“ во 2000 година, пишува британскиот весник „Мирор“ по веста дека Доналд Трамп и неговата сопруга се позитивни на коронавирус.



Повикувајќи се на фанови на слепата јасновитка родена во Струмица, таблоидот додава дека таа предвидела оти болеста ќе го остави американскиот претседател глув и со тумор на мозокот!

Потсетувајќи на нејзините обвистинети пророштва за Брегзит, за 11 септември и за цунамито во Тајланд, „Мирор“ пишува и дека болеста на претседателот требало да се случи во 2019 година, а нуклеарната војна што ја предвидела за годините од 2010 до 2014 не се случи.

Меѓу претскажувањата на Баба Ванѓа за иднината се издвојуваат тоа за промена на орбитата на Земјата во 2023 година и за откривање работен метод за патување низ времето во 2304 година.

Нејзините пророштва завршуваат со далечната 5079 година, кога, според неа, ќе се случи крајот на Вселената.