Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права ММДЧП Бил Николов преку примерот со неговата покојна баба дава пример како треба да се чува името Македонија.
,,Баба ми Ристана (детето десно) во 1930 во #Желево, Егејска #Македонија. Низ сите маки што ги претрпела – војни, пукале врз неа, селото и го бомбардирале – и пак остана #Македонка. Никогаш не се предаде. Ќе те натепаше ако и кажеш дека Македонија „морала“ да си го смени името”, пишува Николов за неговата семејна и национална историја и сегашност.






