Историчарот Митко Б. Панов со интересна анализа на макеоснските состојби и мислите на авторот на теоријата на релативитетот и Нобеловец.

“Трагичните македонски состојби, можеби најдобро ги илустрира цитатот кој му се припишува на Алберт Ајнштајн:
“Вистинската криза е криза на неспособноста. Неугодноста на луѓето и нациите е мрзливоста во изнаоѓањето решенија и излези. Без криза нема предизвици, без предизвици животот е рутина, бавна агонија. Без криза нема заслуги. Во криза се појавува најдоброто од секого, бидејќи без криза сите ветрови се само благ ветрец. Да се зборува за криза значи истата да се зголеми, а молчењето за кризата значи зголемување на конформизмот. Наместо тоа вредно работиме. Дајте да запреме, еднаш засекогаш, со единствената опасна криза, а тоа е трагедијата на неподготвеноста таа да се надмине”, забележува професорот Б. Панов анализирајќи го тоа што и се случува на Македонија речиси на секое поле.






