„Б92“: „Вучиќ најави влегување во Косово, ако НАТО не ги заштити Србите“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ доцна вечерва даде изјава за медиумите дека го предупредил генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оти „во случај на погром вр српското население на Косово ќе се чека 24 часа НАТО да реагира, но ако НАТО не реагира, тогаш Србија ќе реагира“. Ова го објави информативниот српски портал „Б 92“ во информацијата со наслов „Вучиќ за влегувањето на војската во Косово: реков јасно, ќе чекаме 24 часа; ‘Постои идеја да го затвориме Кончул“.




„Б 92“ пишува: „Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва се осврна повторно на актуелните случувања во Косово и Метохија и ги прокоментира. Според неговите зборови, Србија не влегла на територијата на Косово и Метохија, бидејќи согласно со ‘Кумановскиот договор’ и со одлуките по него Србија нема право да го стори тоа. ‘Ние нема да влегуваме со нашите трупи. Мирот е најпотребен. Ќе чекаме 24 часа НАТО да реагира. Ако продолжи погромот на населението, тогаш Србија ќе реагира’ – рече Вучиќ, коментирајќи како ќе се постави Србија ако дојде до ескалација на насилство врз Србите. Тој нагласи дека НАТО го разбрал и оти ќе стори се да се заштити српското население.“


Денеска амбасадорот на Русија Александар Боцан – Харченко и военото аташе Александар Зинченко ги придружуваа министерот за одбрана на Србија Небојша Стефановиќ и началникот на Генералшабот на Војската на Србија Милан Мојсиловиќ „на патување заради инспекција на српските воени единици“, кои се стационирани во подрачје блиску до границата со Косово, „строго во согласност со Резолуцијата број 1244 на Советот за безбедност на ООН и со воено- техничкиот договор од Куманово“.

Во врска со оваа посета во информацијата под наслов „Зошто рускиот амбасадор патролира покрај границата? Вучиќ: ‘Постои идеја да ги ‘одсечеме Албанците“, „Б 92“ ја пренесува и следнава најава на српскиот претседател: “„Постои голема идеја да се затвори Кончул и да ги пуштаме само Србите, да нема контакти меѓу Албанците од Бујановац и Медвеѓа со Албанците од Косово. Јас не сум за тоа, со тоа само би им напакостиле на Албанците.“


Инаку, Кончул е село на административната граница меѓу Србија и Косово, населено исцело со Албанци. Вучиќ не појасни од кои причини се размислува за „отсекувањето на Кончул“.