Aвтомобил удрил во малолетник во скопски Карпош

Aвтомобил удрил во малолетник во скопски Карпош. Повредениот е пренесен во болница, информира МВР.



На немилиот настан кој се случил во близина на Основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје се надоврзаа родители на социјалните мрежи кои веќе подолго време укажуваат на опасноста на точката и бараат поставување на соодветна сообраќајна сигнализација, но, како што велат, одговор сè уште чекаат.

По денешната сообраќајка го повикаа градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски да преземе мерки за безбедност на учениците на ова место каде се вози со многу голема брзин