Бизнисменот Зоран Азманов, кој уште пред неколку месеци алармираше дека е рекетиран од една ТВ, денеска побара истрагата на Јавното обвинителство да се прошири и кон шефицата на СЈО. Тој смета дека обвинителите морале да направат претрес во домот на
Катица Јанева , но и да откријат како тоа снимки од негови приватни разговори биле пронајдени во 1ТВ, телевизија чиј неофицијален сопственик е притворениот Боки 13.
„Поврзаноста е премногу очигледна. Мене ме чуди што не се направи истрага во станот на Катица Јанева, за да се најдат парите. Вчера по порталите гледаме дека се најдени снимки од мои приватни разговори од СЈО за да ме дискредитираат и да ме уценуваат.
Не може Катица Јанева да излезе од оваа работа како херој или како морална личност, еве она за да се спасат преговорите си дава оставка. Не, она е фатена во голем криминал“, изјави Азманов како што пренесува ТВ Алфа




