„Во последните три дена Тетово и неговите граѓани доживеаја две големи катастрофи, за среќа без жртви. По овој повод го искажуваме револтот свој и на граѓаните на Тетово поради негрижноста на Владата наспрема оваа ситуација, која е тешка за сите. Тетово стана срам за Владата. Затоа, оваа Влада без кредибилитет треба да поднесе оставка веднаш!“ – порачува Организацискиот секретар на Движењето БЕСА Аднан Азизи во својата објава, која ја пренесе информативниот портал на албански јазик „ин7“.
Азизи истакнува: „Иронично е и неприфатливо тоа што Владата молчи два дена по ред за поплавите, кои предизвикаа значителни штети, без да пројави каква било реакција и солидарност со граѓаните на Тетово. Владата се колебаше да прогласи вонредна состојба, само за да ја одбегне помошта, што му ја должи како Влада на Тетово.“
„Срамот е уште поголем, кога ќе се има предвид тоа што интервенцијата на хеликоптерот за гаснење на пожарот уследи со четири часа доцнење. Шестчасовното доцнење и на премиерот да се огласи, како Тетово да го немаше на картата на државата, беше печатот на оваа и владина катастрофа. Наместо да се оградат од поранешната градоначалничка Теута Арифи и да му помогнат на Тетово да закрепне час поскоро, Владата и албанската партија ДУИ во неа избраа да им се одмаздат на тетовчани и да го саботираат новото раководство на Општината.“
„По загубата на Тетово, откако градоначалникот Билал Касами ги разоткри и скандалите на поранешната градоначалничка Арифи, Тетово стана срам за ДУИ и и се претвори во симбол на нивниот неуспех. Тетово стана и причина за нервоза на ДУИ. После последните случувања, Тетово стана срам за Владата. Затоа, оваа Влада без кредибилитет треба да поднесе оставка веднаш!“





