Азизи: Се апсат само Албанците во СДСМ, а големите риби се Заев и други криминалци од врвот на СДСМ

„По апсењето на началникот на граничниот пункт Блаце реагираше Аднан Азизи од опозициското Движење Беса. Азизи праша: како е можно селективно да се апсат и да се обвинуваат само Албанци, кои биле во СДСМ? Тој вели дека се знае оти главните припадници на криминалот во СДСМ биле поранешниот премиер Зоран Заев и членовите на неговото семејство, шефот на антикорупција и другите институционални рамништа.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА во својата информација со наслов „Азизи: Како е можно да бидат фатени и да бидат обвинети само Албанците, кои биле во СДСМ?“

ИНА ја пренесува целосната објава на Аднан Азизи: „Од илјадниците членови и функционери, кои СДСМ ги има во своите редови, се поставува прашањето: како е можно селективно да се фаќаат и да се обвинуваат само Албанците, кои биле декоративен фактор во СДСМ, кога се знае дека ‘големите риби’ на криминалот се во куполата на СДСМ, почнувајќи од поранешниот премиер Зоран Заев и членовите на неговото семејство, шефот на антикорупција и другите институционални рамништа и секоја пора на општеството, каде што ‘цутат’ во криминал и корупција луѓето од оваа партија СДСМ?!“

„Во минатото криминалот беше всредоточен во тандемот Груевски-Михаилков, додека тандемот СДСМ-ДУИ го ‘симнаа’ организираниот криминал ‘од главата до опашот’, што значи дека не остана ниту еден столб, или институција во држава, каде што не цутат корупцијата и организираниот политички криминал.“

„Доволна е мала истрага, за да се откријат овие мега скандали на оваа пропадната и корумпирана Влада. Смешен е стремежот на СДСМ и ДУИ да покажат пред јавноста дека божем се борат против корупцијата и криминалот во своите редови. Поправо, нивното измамничко мото е ова: ‘Нашите ајдуци се Албанците и другите етникуми внатре во нашата партија’!“ – објави Аднан Азизи од опозициското Движење Беса.“