„Колку е голема победата на Движењето Беса на локалните избори за Советот на општина Тетово и колкав е поразот на ДУИ може да се види од бесните повици и од пискотниците, кои се слушаат од функционерите и од врвот на ДУИ, кои како никогаш досега го чувствуваат своето збогување со политичката сцена.“ – вели Аднан Азизи, организацискиот секретар на Движењето Беса, во својата објава на фејсбук-профилот со наслов „Пискотниците на загубата“.
Аднан Азизи натаму пишува: „Заменик-премиерот Артан Груби постојано им упатува пораки на институциите дека секој контакт, кој доаѓа од општина Тетово, задолжително мора да помине преку неговиот кабинет, бидејќи тој лично ќе се занимавал со Тетово. Дволичноста на Али Ахмети дека се тие ‘подготвени да и помогнат на општина Тетово’ се разобличи уште во првата седмица, кога на незаконски и нечовечен начин беа направени драстични прекршувања на законите и на почетокот на новата учебна година му беа узурпирани просториите на Средното медицинско училиште како одмазда за поразот во Тетово.“
„Ваквиот пристап кон Тетово се виде и по поплавите од лошото време, кога Владата на својата седница воопшто не го спомена Тетово и не му понуди никаква помош, оставајќи ја оваа општина самата да се справи со последиците од поплавите, заедно со тетовци.“
„Ова е вистинската порака на Владата за тетовци, а не ветувањата на измамниците на Али Ахмети дека тој божем ќе помогне за сите проекти на Тетово. Ние предупредувавме во изборната кампања оти треба да се сфати токму обратното: ‘Тетово, подготви се за повеќето последователни удари на Владата, која ќе ги казни тетовци, заради одмазда!“
„Без оглед на ‘војната’ која ни ја објави ДУИ, ние ќе го изградиме Тетово.“





