Азизи: ДУИ нема иднина ако Али Ахмети замине од тронот

Политичкиот аналитичар Берат Азизи смета дека Демократската унија на Албанците нема иднина без сегашниот лидер Али Ахмети.



Повлекувањето на првиот човек на ДУИ, ќе биде тогаш кога Али Ахмети нема да има физичка сила да остане таму, во спротивно нема причина да си замине и да го препушти тронот на друга личност, вели Азизи за „Утрински брифинг“.

„ Доколку Ахемти евентуално диктира наследник, мислам дека ДУИ ќе почне да капитулира бидејќи целата ДУИ се поистоветува со ликот на Ахмети, а не со други личности кои имале високи државни функции.

Замислете секоја политичка фигура, од локално ниво до највисоко во државата, дури и за прашања кои немаат врска со лидерот се повикуваат на неговото име, одат дотаму што секоја уличка што ја поправаат се нарекува визија на Ахмети, не успевајќи да се ослободат самите од комплексот да бидат независни.

Не верувам во опстанокот на ДУИ во случај Ахмети да се повлече од политиката и ја поддржувам оваа претпоставка со фактот дека сите албански политички партии во Македонија биле силни само кога имале харизматичен лидер, со политичка и национална позадина.

ПДП и ДПА беа силни се додека ги водеа Халили и Џафери, потоа се се распадна“, нагласи Азизи.

Тој вели дека внатрепартиската борба за превласт во ДУИ, но и тивката за државна власт, почна многу порано меѓу Артан Груби и Бујар Османи од една страна и Изет Меџити од друга. Битката за позиции и меритократија во ДУИ ќе се засили, особено ако имаме сигнали за предвремени парламентарни избори…