„Синдромот ‘Артаноманија’ ја обзема Алијансата за Албанците!“ – напиша организацискиот секретар на опозициската Беса Аднан Азизи на својот фејсбук-профил, коментирајќи го последното истражување за рејтингот на политичките партии. Тој упатува жестоки критики на адреса на Алијансата за Албанците.
Во објавата на својот фејсбук-профил Азизи истакнува: За жалење е како Артан Груби успеа да ја зароби Алијансата за Албанците. Уште пожално е како упадна во канџите на Груби и продолжува да ги игра неговите игри со лажни сондажи. Башким Бакиу, член на Алијансата за Албанците и вработен во кабинетот на Артан Груби, преку институтот што го основал сам, спроведува сондажа, во која ДУИ се прикажува како прва пред Алијансата за Албанците, и оти имала висок пораст на рејтингот!
Зошто, бре, вие, јунаци ги повторувате истите постапки, со кои доживеавте дебакл на локалните избори во Тетово пред две години? Вака правевте наместени анкети и тогаш доживеавте дебакл. Не добивте ниеден општински советник! Ако не учите од минатото, страдањето и неуспехот во иднината ќе ви бидат уште поголеми и уште поболни!





