Азири: Сто дена на Владата – сто дена измами, сиромаштија, криминал и корупција

„Алијансата за Албанците ги нарече првите 100 дена од Владата на Димитар Ковачевски ‘100 дена на измама, криминал и корупција’.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“ од денешната прес-конференција на пратеникот на опозициската Алијанса на Албанците Елми Азири.

„Лајм“ ги пренесува ставовите на Азири на оваа средба со новинарите: „За овие 100 дена на Владата има повеќе од 100 скандали, корупциски скандали, неуспеси, назадување, поскапувања, со еден збор има 100 чекори назад во секој процес и во секоја сфера од животот. Во поглед на интеграцијата, денес сме подалеку од кога и да е од добивањето на датумот за отпочнување на ЕУ-преговорите. Во извештаите на меѓународните организации сме во иста група со Сомалија и Конго во поглед на корупцијата, слободата на изразување, судството, отвореноста(транспарентноста) и други области.“

„Довербата во правосудниот систем падна до 8, односно на 3 проценти. Граѓаните осиромашија и како последица на тоа илјадници млади ја напуштија државата. Беше направена и манипулација со резултатите од пописот’ – рече пратеникот на Алијансата на Албанците Елми Азири на прес-конференцијата.